БЕГСТВО НА ГОДИНАТА: Еве како Ел Чапо повторно ги изигра затворските чувари!


Мексиканските власти откриле тунел со должина од повеќе од 1,5 километри, кој кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гусман го искористил за да избега од затвор со максимално обезбедување, соопшти денеска комесарот за национална безбедност на Мексико Монте Алехандро Рубидо.elcapo

Тунелот, чиј почеток се наоѓал во неговата келија водел до една зграда надвор од ѕидините на затворот, рекол Рубидо на прес-конференција.

Осумнаесет луѓе се префрлени во Мексико Сити поради испитување околу бегството, додал Рубидо, пренесе Ројтерс.

Претходно денес, властите соопштија дека Гусман, лидер на моќниот наркокартел Синалоа повторно избегал од затвор на периферијата на Мексико Сити.

Ова е негово второ бегство за 14 години од затворот Алтиплано на 90 километри западно од Мексико Сити.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1