Од затворот од Брегот на Слоновата коска побегнале сите затвореници, а се шпекулира дека бројката изнесува околу 150. Засега полицајата успеала да фати 50.
Затворениците избегаа од затворот во градот Дабу во близина на Абиџана во обалата Брегот на Слоновата коска, благодарение на непознати напаѓачи, кои што провалиле во затворот, изјавил неименуван извор.
Група на наоружани луѓе во текот на ноќта ги нападнале просториите на војската и една полициска станица.
„Меѓу припадниците на војската нема жртви, но настрадаа двајца напаѓачи“, изјави Мохамед Суку пратеникот од партијата за Обединети републиканци, а за нападот ги обвини активистите на поранешниот претседател на земјата Лорана Гбагба.