Со кисела вода лечат болни од рак


Пророци, надрилекари, исцелители. Целта им е да им ги земат парите на болните, да се опарат на нивната мака кога тие не го штедат и последниот денар за да им е подобро. Месечно во просек им плаќале од 5 до 15 илјади евра.

Полицијата во Србија месечно апси барем еден видовит, пророк, исцелител, надрилекар. Иста е состојбата и кај нас. Граѓаните пријавуваат, ги собираат но на крајот повторно се бават со истата работа.

Полицијата во смедерево открила бизарен случај, каде гатачи со флаширана минерална вода лечеле заболени од рак. Кривична пријава доби Бранимир Терзиќ, познат како Крцо од Селевац, но не поради измама на граѓани, туку поради тоа што затаил данок на приход во износ од 1,1 милион евра.?!?!?!?!?!?!

пријава добила и видовита Соња, која правела хороскопи, но и им ,,мучкала,, амајлии на клиентите за кои наплаќала 25.000 динари.
Луѓето ретко се одлучуваат да пријават гатач – не сакаат да си признаат дека наседнале. Проблем е што и тешко се докажува измама кога граѓаните сами им даваат пари, доброволно на овие луѓе, надевајќи се дека нивните блиски ќе оздрават.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1