Постигнат е договор, рече амбасадорот на САД во Македонија по средбата со партиите во клубот на пратениците.
Партиите ќе треба да се соберат на лидерска средба до 31 август за да се договорат за имплементација на договореното и да одредат дата за изборите.
4 политички партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА се договориле 100 дена пред изборите да има нова преодна влада која ќе има задача да спроведе избори.
Носењето на законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017 .
Новиот министер за внатрешни ќе има право да донесе само 15 кадровски измени.
Се уште не е ставен потпис за точната дата за избори, таа ќе треба да ја договорат до 31 август, но се повеќе се споменува како се поизвесен датум 11 ноември. Артан Груби од ДУИ кажа дека е договорен и датумот за избори, 11 декември.