Левиот, а не десниот палец ќе им се обележува на граѓаните на претстојното гласање на парламентарните и на претседателските избори закажани за 27 април, в недела, објави „Дневник“.
Ваква одлука донела Државната изборна комисија откако добила сознанија дека кај многумина граѓани с` уште не се избришани трагите од маркирањето извршено на гласањето на 13 април.
– За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи с` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми – ни изјави вчера Субхи Јакупи, потпретседател на ДИK.
Kако што беше најавено пред гласањето, трагите од мастилото со кое беа обележувани граѓаните требаше да исчезнат по само еден ден од ставањето на белегот на десниот палец.