Белгискиот суд ослободил дилер на кокаин бидејќи немале преведувач


Бразилец кој бил уапсен на аеродоромот во Брисел со 4 килограми кокаин е ослободен и пуштен од притвот овој викенд бидејќи истражниот судија неможел да го сослуша.

Неможеле да најдат преведувачи, а според нивниот закон доколку не е сослушан во одреден рок и не биде поднесено обвинение уапсениот мора да се пушти.

Момчето на возраст од 25 години билo приведенo во петокот на аеродрoмот кога откриле дека во куферот има 4 килограми кокаин. Во саботата го извеле пред истражниот судија, но според зборовите на неговата адвокатка, судот неможел да најде преведувач од португалски и на крајот судијата само го ослободил, пишува Белга.

Момчето од судот со таси дирекно заминал на аеродромот, купил карта и полетал за Бразил. Тој нема да одговара за шверцувањето и е слободен човек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1