Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 67 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,50 денари.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 денари за килограм и ќе изнесува 27,512 денари.
Малопродажнате цена на горивата во просек е намалена за 7,57 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.