Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар


Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари.benzin benziska mk2

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1