По средбата со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер , Бесими изрази жалење доколку некој се почуствувал навреден од чинот на полагање цвеќе на споменикот на ОНА во Слупчане.
„Јас изразувам жалење доколку некој е навреден со тој чин. Намерата никогаш не ми била таа. Напротив, мојата намера отсекогаш била и останува да ги преставувам еднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам сé што е во моја надллежност за да придонесам за помирувањето меѓу сите заедници во Република Македонија. Помирувањето е важен чин за иднината на Република Македонија, особено за двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година. Солзите на албанската мајка се исти како и солзите на македонската мајка. Тактковската тага е иста и длабока на сите јазици“, изјави Бесими.