БЕСПЛАТЕН FACEBOOK: Цукерберг го освојува светот


Најголемата во светот социјална мрежа Facebook промовира план да со кој сака да им обезбеди на повеќе луѓе во земјите во развој пристап до интернет.

Главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го објавија почетокот на проектот App Internet.org во јужноамериканската земја.Facebook-Marketing1

Клиентите на мобилниот оператор Tigo ќе можат во иднина да добиваат бесплатен пристап од мобилни телефони до Facebook, Messenger, Wikipedia и владини односно сајтови на државните институции.

Во потрага по нови клиенти Facebook има намера да натера милијарди нови корисници да поминат онлајн. Колумбија е четврта земја која Зукерберг ја посетува во рамките на својот проект Internet.org. Целта е двете третини од светското население, кои сè се уште офлајн, да ги открие мрежата. Програмата веќе се одвива во Замбија, Кенија и Танзанија.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1