Бесплатен паркинг во Центар утре од 12 часот


Паркингот во скопски Центар ќе биде бесплатен по 12 часот на пладне и ќе се наплаќа само 4 часа, од 8 часот наутро до пладне.

parking

Сите кои ќе се паркираат во општината во овој период ќе добијат подароци од вработените во јавното претпријатие, кои ќе бидат облечени како дедомразовци.

– Сите граѓани кои ќе ги користат пракинг-местата во периодот додека се наплатува паркирањето ќе добијат подароци. Нашите вработени, облечени како дедомразовци ќе им ги честитаат новогодишните празници на корисниците на нашите услуги со мали подароци – вели за „Вест“, Маргарита Бакев, директорка на ЈП Паркинзи Општина Центар.
Таа додава дека веќе е на сила новиот ценовник, според кој паркирањето е поевтино за 10 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1