Бесплатна јога за трудници во СЦ „Борис Трајковски“ – еве ги термините


Грижејќи се здравјето на идните мајки, бесплатна јога за трудници организира Министерството за здравство во Спортскиот центар „Борис Трјаковски“. Освен инструктор по јога, на часовите ќе има и лекар кој ќе се грижи за трудници. Часовите ќе се оддржуваат два пати неделно.joga trudnici

Jогата е духовна, ментална и спиритуална вежба за дисциплина позната уште од 5 век пред нашата ера, а нејзините главни карактеристики се состојат во емотивниот баланс кој го предизвикува, учењето на правилно вдишување и издишување кое потоа се аплицира на нашето секојдневно живеење и, нејзината моќ да не ослободи од стресот.

Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази согласно развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност како би се избегнале несакани последници.

Часовите по јога за трудници ќе се оддржуваат двапати неделно, а во зависност од интересот ќе бидат определени и нови термини. За почеток, термините се:

Група 1:Понеделник  и Четврток од 17:00 часот

Група 2:Вторник и Петок од 17:00 часот

Група 3: Среда и Сабота од 17:00 часот.

Инструктор на часовите по јога за трудници ќе биде Ивица Митов, а како датум за почеток на истите е одреден 1-ви март 2015 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1