Не ги фрлајте празните кутии од цигари – можат да ви донесат многу пари, дури и до 500 еу


Пушачите секојдневно го фрлаат во корпа за отпадоци, а не се ни свесни дека токму од тоа може многу да се заработи и тоа многу.

Златните и сребрените фолии кои се наоѓаат во внатрешноста на кутијата за цигари се рудник за пари. За килограм фолии се добива и до 500 евра.folija cigare

64- годишната Ж.М. од Белград е жената која го открила ова. Таа собира фолии од кутии и ги продава за повеќе од 100 евра по килограм.

Во Крагуевац за еден килограм фолија може да добиете и 160 евра, во Белград пак, за истата количина цената достигнува и до 500 евра.

За еден килограм фолија, потребни ви се околу илјада кутии цигари.folija cigari

Но, иако звучи толку едноставно, не е баш така, бидејќи тврдата фолија се фрла, а се собира само меката и тенката. Се претпоставува дека цената е поради големиот процент на алуминиум во фолиите а тоа е најбарана секундарна суровина.

Дека овој бизнис цвета доказ се и многу фејсбук групи посветени на продажба на фолии од кутии од цигари, новинарите дури и стапиле во контакт со купец кој ги известил дека сега има залиха но од мај повторно ќе откупува а цената е од 50 до 100 евра за килограм. Screenshot_23

Сепак иако голем број граѓани во Србија собираат – тешко е да се дојде до откупувачите. Некои дури и се сомнева дека во целата приказна има вистина.

,, Собирам речиси 4 месеца и веќе имам 3 кг. На интернет пишав на сите кои ги пронајдов дека откупуваат но никој не ми одговори, почнувам да се сомневам дека има вистина во целата приказна, но ништо не ме чини да ги собирам па ќе видиме., вели жител на Крагуевац.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1