Бесплатни перики за болните жени од рак


Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден” со цел да им помогне на пациентите кои имаат здравствени проблеми по четврти пат обезбеди перики за жените од понизок социјален статус кои боледуваат од карцином и се подложни на хемотерапија. Здружението ги обезбеди триесетте перики во соработка со енергетската компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

chemotherapy_0Како што објаснуваат од “Борка”, во текот на овие месеци е продолжен четиригодишниот проект за бесплатно обезбедување на перики на жените кои тие им се неопходни. Од здружението истовремено информираат дека доделувањето на периките ќе се врши секој ден во нивните простории во деловната зграда на Осигурување Македонија, Виена иншуранс груп, лоцирано на ул. “11 Октомври” бр. 25 во Скопје.

“Сите кои имаат потреба од перика претходно нека се јават на бесплатната СОС линија 0800 55 777 за корисници на Т хоум или на 02 3224 636 за да дознаат што треба да достават за да добијат перика”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1