Бесплатни видео пораки на Skype


„Skype“ оваа година во својата апликација за „Mac OS X“, „iOS“ и „Android“ имплементираше функција со која на корисниците им овозможи по пат на „chat“ да испратат видео порака во траење до три минути, без оглед дали примателот моментално е „online“ или „offline“.

skype-video-message-heroОваа можност имаше статус „betа“ и доаѓаше со ограничување, поточно бесплатно можеше да се пратат до 20 пораки, а во иднина требаше да се земе претплатата „Skype Premium“ (5 долари месечно).

Можноста за праќање на видео-пораки т.н. „Video Messaging“ отсега повеќе не е во „betа“ верзија, а уште поинтересно е што е отстрането и споменатото ограничување, односно потребата за купување на претплата. Со други зборови сите корисници на апликациите на „Skype“ на „OS X“, „iOS“, „Android“ и „Windows“ сега се во можност бесплатно да разменуваат видео пораки.

Denar

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1