Владата на последната седница донела одлука да се овозможи бесплатно ин-витро и за второ дете. За таа цел за наредната година ќе бидат обезбедени средства во висина од 1,5 милиони евра.
– Со министрите за финансии и за здравство долго време вршевме подготовки и пресметки затоа што се работи за прилично скапа интервенција.
Веќе наредната година ќе планираме во буџетот дополнителни 1,5 милион евра за оваа активност, што заедно со ин-витрото за прво дете, за што годишно се издвојува еден милион евра, ќе биде вкупно 2,5 милиони евра за ин-витро за македонските граѓани, рече премиерот Никола Груевски.