Без банка пара цела сезна момците на Парондо изгинаа.
Цела Европа, но и ширум светото им се восхитуваат на нашите шампиони.
Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ како аналитичар на телевизија Аренаспорт беше пресреќен што „црвено-црните“ дојдоа до втората шампионска титула во Лигата на шампиони.
Тој порача дека Македонија мора да има во статут дека клубот не смее да згасне и покрај финансиските проблеми.
„Неверојатно чувство како поранешен тренер на Вардар. Постојано сум во контакт со нив, со играчите, со навивачите. Можам да замислам како тие се чувствуват, бидејќи нема да бидат догодина таму поголем дел од нив. Ова е порака за Македонија, за Скопје. Мора да биде во статут дека Вардар не смее да згасне“
„Како поранешен тренер на Вардар и човек што секогаш е во контакт со овој клуб, се чувствувам одлично, можам само да замислам како се чувствуваат сите тие луѓе, кои по сите проблеми успеаја да стигнат до титулата. Ова е прекрасна порака до властите во Македонија, Владата во Уставот треба да стави дека Вардар не смее да го снема, дека мора вечно да биде спонзориран. Ако некој клуб е гордост на една држава, на еден регион, треба да се стори се за тој да биде спасен. Се случи нешто најдобро што можеше да му се случи на ракометот, верувам дека се среќни не само Македонците, туку и сите луѓе од поранешна Југославија“ – истакна поранешниот тренер на „црвено-црните“.