Пречек за ракометарите на Вардар на аеродром, се знае времето кога слетуваат


Утре, 3 јуни, во 23:55 часот „црвено-црните“ херои слетуваат на аеродромот крај Скопје.

Навивачката група Комити објави повик за сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо дефиле утре организирано заедно да се упатат кон аеродром.

Воедно, aпелираат до сите превозници, пред се jавни, но и приватни, да излезат во пресрет, и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на аеродром, а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите ракометни јунаци.

Собирно место за тргнување- Сала Јане Сандански во 22:00 часот
ПОАЃАЊЕ – 22:30 часот“, стои во соопштението на „Комити“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1