Без струја делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Кисела Вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без струја ќе бидат дел од корисниците од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Кисела ВодА

struja-33Без електрична енергија во периодот од 09.00 до 11.00 часот ќе бидат корисниците од објектите кај пругата кај Кванташки Пазар, во општина Гази Баба.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Арачиново,  а од 08.30 до 13.30 часот дел од корисниците од бул. Јане Сандански 18, 20 и 22, како и од ул. Коста Новаковиќ во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 09.30 до 15.00 часот ќе останат дел од корисниците од ул. Ѓорче Петров од број 1 до број 10 во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот без струја ќр бидат дел од корисниците од ул. Црногорска и ул. 6 во општина Ѓорче Петров, а од 15.00 до 17.00 часот корисниците од село Бардовци, дел од улица 12 во општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 09.00 до 12.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците Индира Ганди, Вашингтонска и Нов Живот во општина Шуто Оризари, а во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од Пат за Китка и ул. Драчевска во општина Кисела Вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1