Охриѓанец дел од мрежата на Ал Каеда – убил полицајци во Турција


Охриѓанецот Мухамед З. е третото осомничено лице за терористичкиот напад во кој пред пет дена беа убиени двајца полицајци и цивил во местото Нигде, Турција

muhamedМухамед заедно со уште двајца Косовци нападна полициски пункт и побегна, но вчера беше уапсен. Групата во полиција посочила дека нападот го извела служејќи му на Алах.

Мухамед З. македонски државјанин на возраст од 18 години и четири месеци, учел медреса во Тирана. Првпат за Сирија заминал во 2011-та година и според податоци на безбедносните служби неколку пати одел и се враќал од фронтот.

Групата била дел од радикалните структури блиски на Ал Каеда, потврдила турската полиција. Во камионот со кој се враќале од Сирија носеле три пушки, пиштоли, гранати и воена опрема. Во полицајците пукал Косовецот Чендрим Рамадани, кој имал и швајцарски пасош. Пред суд изјавил дека нападот го извеле во име на Алах и затоа што Турција е дел од НАТО.

По нападот турските медиуми јавија дека го извршиле тројца Албанци, двајца од Албанија и еден Косовец. Албанското Министерство за внатрешни работи демантираше дека се албански државјани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1