Библиските ликови имале ментални проблеми?


Во очи на светскиот ден на ментално здравје„Црква на Англија“ ќе отвори дебата за тоа дали Исус и другите ликови од Библијата биле ментално здрави.

Имено „Црквата на Англија“ на свештениците им пратила предлог, потпишан од една од членките на црквениот синод Ева Мејинтајер во кој се преиспитува менталното здравје на библиските личности.

„За многу библиски ликови, за кои се чита со векови, од денешен агол може да се каже дека имале проблеми со менталното здравје“ се наведува во предложената проповед.

Таа како пример го наведува кралот Саул за кој вели дека имал биполарно пореметување, додека за апостол Павле вели дека на патот за Дамаск имал нервен слом или некоја слична психотична состојба. Ни Исус не бил поштеден на сметка на менталното здравје. Според нив постои приказна во евангелието во која се говори за тоа дека неговата мајка и неговите роднини се обидувале да го вратат дома затоа што се плашеле дека го изгубил разумот.

Мејинтајер признава дека ваквите изјави може да бидат шокантни па дури и навредливи за верниците, но додава дека секој треба да се запраша зошто е толку страшно да се помисли дека некој од најинспиративните предци имал проблеми со менталното здравје. Светскиот ден на ментално здравје се одбележува секоја година на 10 октомври.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1