Во несреќата со скутерот попладнево во близина на струга загинал другар на албанската пејачка Биг Мама, таа е повредена и во шок и во моментов е во струшката болница. Но според изворите на MKnews се работи за помали повреди и секој момент ќе биде пуштена на домашно лекување.
Момчето кое загинало бил другар на Биг мама од Тетово, а живеел во Холандија. Како што пишува а1 он момчето удрило со главата во скутерот и потонало на 6 метри длабочина. на помош пристигнал друг скутер. Успеале да го извадат момчето и се обиделе да го реанимираат, покажувало знаци на живот но починало во струшката болница. Тој починал околу 20 часот. Порталот пишува дека се работи за извесен Лирим од тетовското село Добреште.