Билансот на загинати во Бугарија постојано расте


Некои бугарски медиуми јавуваат дека до сега бројката на загинати во терористичкиот напад во Бургас пораснала на девет лица, а 33 се наоѓаат во болница во критична состојба.

Сведоци на настанот изјавуваат дека станува збор за самоубиствен напад кој се случи во бугарското црноморско летувалиште.

Во медиумите во Бугарија постојано се шпекулира со бројки. Таму се вели дека четири лица починале во болница со тешки повреди и изгореници.

Голем број на возила брза помош и пожарникари се на лице место. Од полиција велат дека огнот зафатил уште два автобуси кои се наоѓале во непосредна близина.

Се уште не е јасно колку луѓе загинаа а колку се повредени. Српската телевизија јавува за девет загинати лица, додека државната бугарска телеизија наведува дека сепак станува збор за седум.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов, кој се наоѓа на местото на несреќата, изјавил дека погинале најмалку 5 луѓе.

– Моментално властите прават листа од патниците во авионот со цел да ги идентификуваат жртвите. По увидот на лице место, ќе потврдиме колку лица загинаа во експлозијата, изјавил Цветанов.

Тој додава додал дека во болница моментално се наоѓаат 33 лица, од кои три се во кома.

Бугарското државно радио пак објави дека Министерството за внатрешни работи експлозијата ја протолкува како терористички напад.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху тврди дека зад нападот во автобусот во Бургас стои Иран.

Според извештаите, во автобусот имало околу 40 патници, израелски туристи, и требало истиот да ги пренесе од аеродромот до хотелот.

Пожарот кој избувнал по екзплозијата зафатил уште два други автобуси кои се наоѓале во непосредна близина.

Тамошната полиција наведува дека аеродромот во Бургас е затворен и дека авионите се упатуваат на аеродромот во Варна.

Очевидци за израелските медиуми изјавиле дека до експлозијата дошло веднаш откако во автобусот влегло едно лице и дека најверојатно станува збор за самоубиствен напад.

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Џонатан Розенчвајг изјавил дека авионот од Тел Авив слетал на аеродромот во Бургас, 400 километри источно од главниот град Софија, во 16 часот и 45 минути, а до експлозијата дошло 40 минути покасно.

– Не знаеме дали се работи за терористички напад. Знаеме само дека се работи за експлозија, изјавил вториот портпарол на истото министерство, Пол Хиршзон.

Осуди за смртоносниот напад пристигнаа и од Белата куќа. Секретарот за печатени медиуми од Белата куќа рекол дека САД го осудуваат со најостри зборови ваквиот напад врз недолжни луѓе, посебно деца, пренесува АП.

Карни додал дека американскиот претседател Барак Обама жали и се моли заедно со семејствата на убиените и повредените.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1