„Ко то тамо пева“ на битолски начин – АНЕТА СО БРЕНДИРАНО КОМБИ


Таа е првата наша пејачка која има свое брендирано комби, исцртано и исшарано со нејзини фотографии.

Превозното средство со кое своевремено се возеа (в место) јунаците на популарниот југословенски филм „Ко то тамо пева“, стана пославно дури и од самите актери во филмот. Сите го паметиме тоа „вселенско летало“, најмногу по убавата и топла амосфера која владееше во него.

И додека со носталгија се потсетуваме на филмот, и за миг го визуелизираме во мислите, еве едно друго возило, налик на тоа. Полно со музика, освен со патници. Комбито на Анета од битолската група „Молика“.
Фолкерката Анета, благодарение на убавиот глас и стас, и способниот сопруг и менаџер Џими, има се што може да посака и има една популарна пејачка, за наши услови. А и малку повеќе од тоа.

Таа е првата наша пејачка која има свое брендирано комби, исцртано и исшарано со нејзини фотографии. Со него патуваат низ целиот Балкан, секаде каде што имаат свирки, настапи, гостувања, а освен нејзиниот лик на него ќе забележите и податоци и контакт за групата „Молика“.
Вака им го исшарале како „подарок“ кога учествувале во емисијата „Моја свадба“ на Канал 5.

Но, групата не сопре тука. Купија уште едно поголеми комби од осум метри должина, а скапо околу 30.000 евра. Внатре има фотељи, кревети, двевна соба, се за поголема комоција кога ќе патуваат, каде и да е. Останува само да го исшараат вака, да се знае дека е на Анета.

Инаку, колку за информација, оваа разграбана група летово нема слободен ден од свадби, веридби, кртешевки, сунети,слави, а не е лага дека на некоја веселба неодамна, освен дебелиот хонорар, гостите им фрлиле и бакшиш од  околу 5.000 евра.
Групата до крајот на годинава ја очекува турнеја во Австралија а за новогодишните празници и во Америка, од едниот на другиот крај.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1