Ристо Шишков ќе добие своја биста во Струмица, по повод 20 години од фестивалот на Ристо Шишков, а Гоце Арнаудов по повод едногодишнината од неговата смрт.
-Веќе е завршена постапката за поставување биста на актерот Ристо Шишков, по повод 20-години од неговиот фестивал – истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев во емисијата „Отворено со градоначалникот“.
Заев најави дека планираат да постават споменик за Гоце Арнаудов по повод едногодишнината од неговата смрт, кој ќе се наоѓа во Малиот градски парк, во близина на неговата родна куќа. Таму Арнаудов за време на своето детство, го поминувал најголемиот дел од своето време.
Извор: ТВ Вис