Автобусите во Битола беа донесени на почетокот од Октомври и имаше многу обвинувања дека се дотраени. Деновиве биле вратени.
„Автобусите од град Скопје беа позајмени, беа пуштени до Општина Битола за да одговориме во тој критичен период и ситуација во која се најдовме. Откако ја наминавме таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме по договор како што го имавме при самото однесување на автобусите“, одговори денеска градоначалничката Петровска.