Мијалков бара јавна седница во Апелација за притворот


Екс дирекорот на УБК, Сашо Мијалков во жалбата до скопските апелациони судии побарал јавна седница на која ќе биде присутен и притворениот, дознава „Макфакс“.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот пишуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно била позната на обвинителството, и прашуваат на кој начин судот утврдил дека фирмите кои имаат со големи парични износи на нивните сметки, иако не се на име на обвинетиот, ги поврзал со Мијалков.

Судот, напишале адвокатите, и претходно знаел за постоењето на останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но тие тогаш не претставувале доволна основа за да не продолжат да опстојуваат изречените мерки на претпазливост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1