Бившата девојка на Ештон Кучер убиена од сериски убиец – Ештон ќе сведочи (Фото)


Славниот актер Ештон Кучер сведочи против серискиот убиец Мајкл Томас Гаргиулоа, кој во 2001 година ја уби неговата тогашна девојка Ешли Елерин.kacer

Ешли Елерин, која е убиена на 22 години, беше само една од жртвите на Мајкл Томас Гаргиулоа. Кобната вечер Ешли и Ештон се договориле заедно да го гледаат доделувањето на наградите Греми кај пријател. Актерот и рекол дека сепак не доаѓа и да го почека дома.

Кучер подоцна и раскажал на полицијата дека ја побарал на телефон неколку пати во текот на ноќта, но таа не се јавувала. Мислел дека е проблемот во лошиот сигнал, па отишол до кај неа, но никој не му ја отворил вратата. Признал дека видел црвени дамки, но си помислил дека се работи за црвено вино и дека Ешли му се налутила, па си заминал.Ashton-Kutcher-Girlfriend-Murdered-Testify-Against-Killer_2015-01-23_07-40-24-452x254

Телото на несреќната девојка го пронашла наредното утро нејзината цимерка, а Ешли била избодена со нож.

Четиринаесет години подоцна, полицијата наводно нашла докази со кои би можела да го обвини Гаргиулоа, а изјавата на Кучер може да биде пресудна во сведочењето против серискиот убиец.victims MV5BMTI2OTY3MTcxNl5BMl5BanBnXkFtZTYwNDM0ODE0._V1_SX640_SY720_

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1