Тони Ортега кој 20 години ги следи случувањата околу Скиентолошкиот култ и се смета за експерт во оваа област открива дека Катриона Вајт која беше пронајдена мртва во куќата во Калифорнија, со лекови покрај неа – кусо време откако раскина со Џим Кери, припаѓала на Скиентологијата
Катриона припаѓала на Скиентолошкиот култ 4 или 5 години. Токму преку Скиентологијата таа во 2009 се преселила од Ирска во САД.
Кога првпат почнала врска со Џим Кери во 2012 година многумина биле изненадени бидејќи тој знаел дека таа доаѓа од редовите на скиентолозите, а претходно често пати се подбивал со ова движење.
– Јасно е дека знаел дека таа му припаѓа на култот, но врската не беше сериозна – вели Ортега.
Кога Катриона во мај 2015 повторно почнала да се гледа со Кери многумина од култот биле загрижени.
– Двајца познаници скиентолози ми рекоа дека многумина се грижеле поради нејзината одлука, но биле уверувани од останатите дека Катриона е емотивно подготвена да се соочи со предизвикот да биде во врска со Кери, бидејќи штотуку го завршила прочистувањето! – вели Ортега.
Овој обред се содржи од интензивни посети на сауна и пиење на витаминот ниацин во големи количества.
Имено, младата мејк – ап артистка ги поминала строгите обреди на „прочистување“ и „преживување“ по кои скиентолозите веруваат дека можат да се соочат со се!
Кери, по смртта на Катриона, изјави дека се чувствува како да го удрила светлечка топка.
Причината за смртта ќе биде официјално соопштена по завршувањето на аутопсијата и токсиколошките тестови.