Бизарни работи за храна и пијалоци кои не сте ги знаеле


sb10069429a-002.jpg Food Salad

Кога сме млади се храниме со она што ни се допаѓа, подоцна припазуваме на состојките, а како што старееме се повеќе стануваме свесни дека храната која ја јадеме влијае на нашиот живот повеќе од само едноставното полнење на желудникот.

Еве неколку малку познати факти за храната и пијалоците:

Некои состојки на храната не прават поагресивни

Веројатно сте чуле колку е штетен маргаринот, кој е инаку честа замена за путерот. Оваа намирница има последица која често се занемарува – маргаринот ни ја зголемува агресијата. Агресијата не е потикната само од маргаринот, туку и од останатите намирници кои содржат транс масни киселини за кои неодамна се откри дека можат да влијаат на нашата психа на ист начин како што можат да ни го уништат физичкот здравје.

mesoГледањето во месо ги смирува мажите

Да, погледот во месо навистина смирува. Во една прилика е изведен експеримент во кој мажи слушале актер како чита сценарио. Кога актерот ќе направел грешка, мажите морале да притиснат на тастер. Оние кои гледале фотографии од месо биле далеку поблаги кон актерот за разлика од останатите. Ова се објаснува со факот дека погледот на месо воедно значи дека ловот е готов, па повеќе нема стрес. Токму поради ова погледот на месо ги смирува мажите.

Алкохолот ја потикнува потсвесната меморија

Меморијата функционира на неколку нивоа, а наједноставни се свесното и потсвесното ниво. Среќното чувство кое го добиваме кога пиеме е поради тоа што алкохолот го „лаже“ мозокот, така што тој почнува да го испушта хормонот допамин. Но, не застанува овде. Иако допаминот дава чувство на среќа, тој во својата суштина е хормон на учењето. Колку повеќе допамин имате во телото, толку повеќе приметувате, можете повеќе да научите и да се сетите на се околу вас – на потсвесно ниво. Во алкохолизирана состојба се создаваат сеќавања побрзо отколку во било која друга состојба. Нажалост, наместо за корисни работи, се сеќавате само дека пијани сте се чувствувале фатастично.

ХитПортал.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1