Дел од Карпош денес без струја


Корисниците од повеќе улици во општина Карпош ќе останат без снабдување со електрична енергија поради изведување зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

struja-majstorВо поеридот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Букурешка“, „Париска“ и „Варшавска“, од 9 до 15:30 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од  зградата бр.64 на булеварот „Партизански одреди“, а од 9:30 до 10:30 часот, корисниците од улицата „Козле“ бр.52, 52 б, 52 в, 52 г, и 50.

Од 10 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од Ново Село лоцирани на улица 4 и улица 2, од 13:30 до 15:30 без струја ќе биде и дел од улицата „Леринска“, а од 13 до 16 часот струја ќе нема и на улиците „Арсеније Јовков“ и „Ѓурчин Кокале“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1