Бизарно: Накит од мајчино млеко (Фото)


Накит што во себе содржи мајчино млеко е вистински хит во САД, а може да се порача преку Интернет

article-2305784-192E2A6D000005DC-646_308x185Ова необично парче накит може да се купи преку Интернет страницата Etsy.com, а се прави така што примероци од млекото се пластифицираат во различни облици кои потоа се вклопуваат во привезоци или алка.

Алиша Могаверо, авторка на оваа идеја, на купувачите им советува да испратат две лажички млеко во добро затворена кесичка за да таа може да го сочува до моментот додека не стане дел од накит. Таа изјави дека „едвај стигнува“ да ги направи сите порачки и дека побарувачката за овие уникатни предмети е едноставно неверојатна.

Клиентите и велат дека накитот е прекрасен и оти ги потсетува на „посебно време“ во нивните животи, како и оти е одличен начин да се „оддаде почит на посебната врска која мајката ја има со детето“. Ако се одлучите на купување, тоа ќе ве чини меѓу 64 и 125 долари, зависно од тоа кој облик и големина ве привлекува.

fb713b3f-21f9-46f6-875b-f0d1c8374deb_il_570xN-411692555_9i9s

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1