Спектакуларно: Измислија чоколадо кое не е штетно


Научниците на универзитетот Ворвик откриле метод со помош на кој мастите во чоколадата се заменети со разни видови на овошни сокови, без големи последици на нејзиниот вкус. Исто вкусно а сепак многу поздраво велат.

cokoladoМетодот е следен – со вбризгување на сок од портокал или брусница во млекото од кое се прави белото и црното чоколадо, научниците успеале да го намалат процентот на мастите за дури 50 проценти. Има ист вкус, исто се топи во уста а не содржи масти.

Сега кога е познато дека во чоколадата може да се вбризгува овошен сок, многумина се запрашале дали следниот чекор е алкохол во чоколадните табли.

Доктор Стефан Бон рекол дека тоа е теоретски возможно, но веројатно ќе биде користен поразличен начин во кој ќе се користи некој вид на желе, бидејќи директното вбризгување на алкохол засега е невозможно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1