Бизарно самоубиство – се фрлила во базен со крокодили


Постара жена извршила самоубиство откако скокнала во базен со крокодили во зоолошка градина во Тајланд, пренесува Daily Mail. 65-годишната Ванпен Инјаи, била распарчена во базенот во кој имало повеќе од 1.000 крокодили во зоолошката градина во Бангкок.

Вработените во фармата, која функционира и како зоолошка градина, се обиделе да ја спасат жената, но неуспеале во тоа, затоа што крокодилите брзо го распарчиле нејзиното тело. Била објавена и вознемирувачка фотографија на која се гледа како еден крокодил и приоѓа, кратко пред да биде нападната.

krokodil

Тајландската полиција отвори истрага за случајот. Претставник на полицијата изјави дека жртвата се лекувала од депресија, што е најверојатно и причината за нејзиното самоубиство. Фармата за крокодили важи за една од туристичките атракции во Тајланд која ја посетуваат голем број домашни и странски туристи, секој ден, но медиумите во Бангкок забележуваат дека таа е позната и по слабите сигурносни мерки и прописите за безбедност на посетителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1