ХОРОР: Стара жена става игли во месото во маркетите – уапсена е


Германската полиција по неколку месеци потрага ја пронашла жената (60) која во мелено месо и останати месни производи ставала игли за шиење.

Една тинејџерка (17) додека јадела приготвено мелено месо кое го купила од локалниот супермаркет, во устата почувствувала игла. Полицијата регистрирала вкупно 20 вакви случаи. Полицијата во Германија по повеќемесечната истрага ја открила жената (60) од Ostholstein која во месото и останатите месни производи во супермаркетите ставала игли за шиење. На полицијата од октомври минатата година и биле пријавени 20 вакви случаи.

stavala-igli
За среќа никој не е потешко повреден. Една тинејџерка (17) додека јадела приготвено мелено месо кое го купила од локалниот супермаркет, во устата почувствувала игла. Полицијата до сега истрагата ја водела тајно и случајот не би објавен, но поставиле камери во супермеркетите и така успеале да ја фатат жената. Снимката од жената ја објавиле за време на викендот. По објавувањето жената била идентификувана.

Нејзините мотиви се’ уште се нејасни, но таа завршила на психијатрија. Германската јавност за целиот случај била известена за време на минатиот викенд. Германските медиуми се прашуваат зошто луѓето не биле предупредени порано. Полицијата новинарите ги испратила до Канцеларијата на државниот јавен обвинител: “Информирањето на јавноста не би било гаранција дека не би дошло повторно до истото”, одговориле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1