Kосовецот 1км возел во обратен правец на автопатот – сите му свиреле и го опоменувале


Kосовецот Љабино Маљоку (34) од Урошевац, кој завчера предизвика страшна сообраќајна несреќа возејќи автомобил во обратен правец на автопатот Скопје-Велес, се враќал од аеродромот „Александар Велики“, но откако увидел дека не се движи во саканиот правец, крајно непрописно свртел среде автопатот по што ја предизвикал несреќата. „Дневник“ беше на самото место каде што се случила сообраќајката и се обидовме да ја реконструираме несреќата. Kосовецот откако излегол од аеродромот, го промашил исклучувањето за Скопје и продолжил кон Велес.

572D4689E46E1A408E59DCEBB7562179

Иако делницата е прописно обележана со табли и со сообраќајни знаци, кои на секој што внимава јасно му кажуваат дека е на автопат и во кој правец се движи, возачот на „голфот“, во кој биле и неговата сопруга и двете малолетни деца, свесно продолжил да вози во правец кон Велес. По поминати дваесетина километри, откако сфатил дека не е на вистинскиот пат, односно дека не вози кон Скопје, тој на паркинг на автопатот, на три-четири километри по првиот тунел, едноставно одлучил да сврти за 180 степени полукружно и продолжил да вози кон Скопје, и тоа во обратна насока од другите учесници во сообраќајот.

Другите возачите со кои во ризик се разминал се чуделе како некој вози во обратна насока среде автопат и му свиреле опоменувајќи го. Но тој продолжил. По само еден километар, на непрегледна кривина на автопатот, косовскиот автомобил директно се судрил со автомобил „мерцедес“, кој во тој момент престигнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување.

Во судирот повредени биле седум лица, а најтешки повреди добила сопатничката во „мерцедесот“ Олгица М. (31) од Kавадарци. Жената има тешки повреди на главата и телото и по несреќата е згрижена во Ургентниот центар. Повредени биле и нејзиниот сопруг Љ.М. (31), кој го управувал возилото. Тој има повреди на градниот кош и е згрижен на Kлиниката за трауматологија. Во несреќата бил повреден и нивниот 10-годишниот син.

И во косовскиот „голф“ било повредено целото семејство, возачот, сопругата Теута (31) и нивните две деца на возраст од 8 и 5 години. Според лекарите од Kлиничкиот центар, здравствената состојба на повредните се подобрува, но с` уште ќе бидат задржани на лекување.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1