УБИЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД 2001 ГОДИНА СЕ УШТЕ НЕПОГРЕБАНИ!


Повеќе од десет години коските на убиените Македонци од конфликот во 2001 година се во фрижидерите на институтот за Судска медицина. Беа пронајдени во масовна гробница кај тетовско Непроштено. Институциите ги заборавија, роднините не сакаат да ги земат.

“Институциите си ја префрлаат одговорноста. Материјалите се кај нас и ќе останат додека некој не ги подигне”, вели за Телма доцент д-р Златко Јаќовски од Институтот за Судска медицина во Скопје. sudska_frizideri

Спакувани во црни најлонски кеси се чуваат во фрижидер на плус четири степени. Според правилата и законските прописи по завршување на експертизата надлежен орган треба да ги подигне остатоците и да ги чува во свое депо за евентуални дополнителни испитувања. Во овој случај тоа е судот во тетово кој ја водеше истрагата. Но од судот тогашната истражна судијка Алекасандра Зафировска неколу пати ги вратила документите во Судска медицина.  Никогаш не била испратена наредба за преземање на доказите во депото на судот или кај јавниот обвинител. Откако таа замина на позиција прв човек во Судскиот совет истрагата преминала кај други колеги од кои, една деценија, никој не постапил по предметот.

Во меѓувреме роднините на исчезнатите пред неколку години ги оспорија резултатите од ДНК анализата на Судска медицина. Но, од таму се децидни дека во податоците нема место за сомнеж.

“Анализа е направена и во МАНУ и со 99 проценти точност е потврдено дека коските се на четворица од киндапираните Македонци”, вели д-р Јаќовски.

Дванаесет Македонци исчезнаа во тетовско за време на воениот конфликт 2001 година. Три години подоцна во гробница кај месноста Непроштено беа пронајдени делови од човечки тела за кои се потврди дека се четворица од киднапираните. Неколкумина беа осомничени за киндапирањата но до судски процес никогаш не дојде оти беше прогласена амнестија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1