Бизнисмените здружени: Итно да се реши кризата за да не банкротира државата


Политичарите да направат се за да не се доведе државата во банкрот, порачаа бизнисмените организиарани во Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на северозападна Македонија, Македонско бугарската комора и Македонско израелската комора. Најавуваат и конкретни предлог-мерки кои ќе бидат доставени следната недела до Владата.

sud pari kradec

– Ако секој ден трошите, ако не додавате во буџетот, тогаш е можно и да се случи банкрот. Продолжената политичко-економска криза ќе ги намали изгледите за превенирање на опасностите кои можат да предизвикаат банкрот на земјата или неизвесни сценарија за расплет на кризата која се повеќе е општествена – рече претседателот на Комората на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, на заедничката прес конференција на сите комори на која информираше за заедничката иницијатива на бизнисмените.

Лошата политичка состојба веќе се чувствува во делот на странските и домашните инвестиции, туризмот поради можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во државава. Ризикуваме од безбедносни причини да не се вратат и печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1