Maкедонските камионџии ја блокираа границата со Косово. Се запира протокот на стоки и на патници меѓу Македонија и Косово, јави Фактор.мк.
Според порталот, десетина камиони од Здружението на превозници Макамтранс и уште четири авотбуси ја блокираат границата. Тие се веќе стигнати на граничниот премин Блаце. Поделени се во две групи. Едни го блокираат преминот за патници и автомобили, други пак го блокираат преминот за камиони.
Билјана Муратовска од Макамтранс за Фактор вели дека тие бараат решавање на спорот меѓу двете земји, бидејќи веќе бројат штети.