Откако Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја објавија нивната нова песна на „јутуб“, под назив „Корона чао“ стана огромен хит во Македонија, но изгледа и пошироко.
Доказ за тоа дека оваа песна станала огромен хит и дека се слуша во странство е објавеното видео на фејсбук профилот на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Борисов објави видео во кое тој се вози во автомобил со уште две лица и го слушаат хитот на Дац и Митевски, а под него напиша:
„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се бориме против корона вирусот. Благодарност до сите бугарски државјани кои ги следат правилата само така ќе се вратиме во нашите нормални животи. Благодарност и до Драган Спасов Дац и Александар Митевски.“