Бог, Исус и Јуда во СДСМ – Црвенковски исклучи 3 членови – му прости на Рахиќ (Видео)


Случувањата во СДСМ во последните денови – во стилот на Бог, Исус и Јуда. Сами одлучете кој е кој 🙂

branko baci rakaБранко Црвенковски ги чисти редовите пред избори. На вчерашната седница на централниот одбор исклучи 3 познати членови на СДСМ.

Едниот довчера премиер, другиот градоначалник и човек кој го држи ресенскиот дел во шака, а третиот го држеше Куманово, на времето пак имаше функција во министерството за правда. Бучковски, Бузлевски и Виктор Цветановски.

branko buckoБучковски

„Господ да му прости на Бранко, не знае што прави, но убеден сум дека членовите на СДСМ ќе го победат Црвенковски на мајскиот Конгрес и по конгресот, новиот претседател и новото раководство, ќе ја поништат одлуката за моето искулучување“ – изјави Бучковски за исклучувањето.

Ова е реакцијата на Владо Бучковски на исклучувањето од партијата.

Бузлевски  

Не можеа да ме исклучат во Ресен, па ме исклучија во Скопје, изјави за Алфа Димитар Бузлевски, вели дека одлуката за неговото исклучување е легална но нелегитимна

buzlevski

„Одлуката на Централниот Одбор е од формално-правна природа и како таква е нелегитимна. Мене требаше да ме исклучат во мојата општинска организација, но во тоа не успеаа. Затоа, го направија тоа на Централен одбор во форма на политички диктат.

Таа одлука е од дневно-политичка природа, за потребите на поединци од врвот на партијата. Јас останувам тоа што сум, но се прашувам, дали се тие тоа што беа“ – вели Бузлевски за Алфа.

esadrahic-640x490

Рахиќ

Црвенковски пак реши да му прости на Есад Рахиќ кој беше исклучен од СДСМ. Сега тој е повторно во редовите на партијата.  Еве што изјави пред само неколку месеци

,, Малку е неприродно да Црвенковски се здружи со човекот за којшто лично нас не убедуваше дека е  најголем непријател на СДСМ и во 2006 година го обвинуваше Бучковски и дел од тогашното раководство за идеалошко предавство за парламентарната соработка во тој период“ – Рахиќ во интервјуто за Press24.

Видео – А1он, МТВ

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1