НБА: Шампионот се освети, Рики Рубио повторно на теренот


Њујорк и Чикаго беа подобри од нивните противници за само еден поен. Никси ги совладаа Кливленд со резултат 103:102, додека пак Булси беа подобри од Бруклинс 83:82.

nba kosarkaМногу поубедлив беше шампионот Мајами кои ги декласираа Вашингтон Визардс. Хитси како домаќин го декласираа Вашингтон со 102:72 и со тоа се реваншираа за неодамнешниот пораз. Минесота и Далас победникот го решија по продолженијата а поуспешни беа Тимбервулвси со 114:106.

За одбележување е враќањето на Рики Рубио, кој после повредата на коленото која го оддалечи девет месеци, за 18 минути на теренот успеа да постигне осум поени и девет асистенции. Сан Антонио Спарс успеа да го совлада Бостон Селтикс со 103:88.

Резултати:
Атланта – Голден Стејт 93:115
Шарлот – Орландо 98:107
Детроит – Индијана 77:88
Мајами – Вашингтон 102:72
Чикаго – Бруклин 83:82
Минесота – Далас 114:106 (по продолжение)
Милвоки – Л.А. Клиперс 85:111
Сан Антонио – Бостон 103:88
Јута – Мемфис 86:99

Перица Гиевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1