Богдановиќ: Граѓаните да помогнат да се открие кој фрла отров за кучиња


Општина Центар и полициската станица Центар апелираат граѓаните да им помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје.

Како што рече денеска на прес-конференција градоначалникот Саша Богдановиќ, предвидени се и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок.

– Отров се расфрла веројатно по 20 часот кога институциите не работат, а и повеќето луѓе се дома. Дневно добиваме по четири до пет пријави за расфрлан отров на разни локации. Реагираме на самото место, но се уште немаме најдено конкретен сторител поради што подготвуваме кривична пријава против непознато лице – истакна Богдановиќ.

Според него, од немилиот настан со ротвајлерот во четвртокот вечерта, се спроведуваат акции на отстранување отрови против кучиња кај Клубот на новинари, во Капиштец, кај катната гаража – Буњаковец, кај Државна болница,…

– Ги замолуваме уште еднаш граѓаните да помогнат колку можат ако затекнат како некој фрла отров – напомена Богдановиќ.

Заменик-командирот на полициската станица Центар, Милисав Мијаличиќ повика сите кои чуваат миленици, да ги шетаат со поводник и маски како што предвидува Законот за благосостојба на животните.

Општина Центар смета дека фрлањето отров против кучињата е организирана акција, а не на поединци зашто, како што посочи градоначалникот, отров се фрла точно каде што живеат луѓе кои чуваат домашни миленичиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1