Богоев:Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје


Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев вечерва изјави дека со задоволство му го честита поразот на Стевчо Јакимовски, најавувајќи ревизија на финасиското работење на општината.

– Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје и во Република Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот ден, впрочем на тој начин ја поминавме изборната кампања, рече Богоев.

Граѓаните на Карпош, како што рече, пред точно четири години го дадоа гласот за приказни и беа излажани и изманипулирани од Стевчо Јакимовски. – Токму поради неговите резултати коишто ги видоа сега и се една огромна нула, токму затоа решија да ми ја дадат на мене и на СДСМ поддршката, додаде Богоев.

Тој најави ревизија на финансиското работење на општината и на спорните детални урбанистички планови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1