Богов: Не инвестирајте во биткоин – тоа е ризична валута!


Граѓаните да не инвестираат во виртуелната валута биткоин, бидејќи е тоа ризична валута, предупреди денеска гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, откако стартап-фирмата CodeWell (КоудВел) која се занимава со изработка на апликации за мобилни телефони и нуди програмерски услуги за странски и домашни компании, најави дека прифаќа транскации во биткоини, пренесува Плус Инфо.

– Не ги охрабрувам граѓаните да работат и да вложуваат во виртуелната валута биткоин. Таа е шпекултативна валута, подлежна на големи осцилации и, според тоа, многу ризична за вложување.Тоа се гледа и од фактот што на почетокот тргна како валута од еден долар и многу брзо се искачи над 1.000 долари, а потоа падне за 50 отсто – изјави Богов.bitkoin

Гувернерот предупреди и дека биткоинот не е легална валута во Македонија и сите што ја користат или имаат намера да ја користат во плаќањето, ќе подлежат на санкции.

– Законите се јасни –  во земјава легалното плаќање се одвива во денари. Употребата на девизи во плаќањето, па и на виртуелната валута биткоин ќе се третира како нелегално и ќе подлежи на санкции кои се предвидени во законите – подвлече Богов.

Биткоин е „peer to peer“ систем за плаќање кој се појави во 2009 година како софтвер со отворен код. Дигиталната валута уште се нарекува и виртуелна валута, електронски пари или крипто-валута поради криптографијата која се користи при создавањето и трансферот.

Оваа валута сè уште не е прифатена како платежно средство од страна на владите и централните банки.

Комерцијалната употреба на биткоин е се уште мала во споредба со шпекулациите околу неа, кои се причина за флуктуациите во цената. Користењето на биткоин за плаќање на сервиси и услуги е во пораст и постојано се зголемува. Една од причините се ниските трошоци во споредба со провизиите кај традиционалните кредитни картички кои се движат помеѓу 2 и 3 проценти. Најголемата биткоин трансакција беше извршена на 20 март.2014, за купување на вила во Бали во износ од 500.000 американски долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1