Боки 13: Добивам закани по живот, на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“


Обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски  или во јавноста познат како Боки 13 денеска во Кривичниот суд на рочиштето посочи дека тој се гледа себеси како политички затвореник, но и дека пријавил закани за негова ликвидација кај обвинителката Вилма Русковска, пренесува А1он.

„Неопходна обврска да ве известам за мојата состојба. Прва околност е мојата лоша здравствена состојба. Го молам судот да ги цени околностите на здравствената состојба. Нееднаква е мојта положба пред Уставот. Јас се чувствувам понижено. Јас ги пријавив кај Русковска заканите за моја ликвидација. Сакам да известам судот се чувствувам како политички затвореник, бидејќи „Рекет“ се повеќе личи на арена на политичките чинители. Вистината за случајот ќе се дознае само ако има неселективно“, рече Јовановски.

Јовановски на судот му предочи дека ако во предметот „Рекет“ се постапува политички за што тој има информации, тогаш ќе штрајкува со глад.

„Доколку судот постапува политички, јас ќе штрајкувам со глад како најрадикална мерка која согласно здравствената состојба, на крајот може да биде со фатални последици. Го молам судот да носи одлуки без притисоци и закани“, посочи Јовановски.

Тој кажа дека испратил писма до неколку амбасадори, од кои побарал да го посетат во затворот. Јовановски смета дека судот селективно ја цени неговата здравствена состојба.

„На кого му пречи вистината за „Рекет“ и кој сака моја физичка ликвидација. Денес испратив лични писма до Амбасадата на САД, до Самоил Жбогар, до Тимоние, до Хелсиншкиот комитет, побарав нивна посета во затворот „Скопје“ поради чувството на дискриминација“, рече Јовановски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1