Боки 13 се враќа на ТВ – тој и двојникот на Груевски со СТЕНД АП ШОУ ќе ги ,,пердашат сите,,


Во рамки на продукцијата СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА ШОУ, наскоро ќе почне да се емитува шоу на една наша телевизија, а ќе биде достапно и на интернет. Како што не информираа од Дел Рио филм шоуто ќе има 3 сегменти и тоа –

,, БОКСА СЕДНАТ ШОУ– стенд ап настап на неверојатниот Бојан Арсовски-момчето што неверојатно личи на Никола Груевски ;

СТЕНД АП ПРЕТСТАВИ-во кој гледачите ќе можат да видат сегмент од хит претставите Не ме лечи докторе, Жити мајка и Ни срам, ни перде;

ФАТИ ГО МАЛИОТ(македонска верзија на ултрапопуларното JACKASS);

и на крај изненадувањето на годината- СТЕНД АП КОЛУМНА СО Б13- враќањето на БОКИ 13 на малите екрани без влакна на јазикот со стенд ап настапи во кои ги пердаши сите: од тие кои му се закануваат до тие кои го обожаваат.

Имено, СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА ШОУ чие што мото е Смејте се , зашто само смеењето е бесплатно е тв-шоу од четириесетина минути во кое ќе можете да видите ексклузивни хумористични материјали кои ќе ве насмеат до солзи.Шоуто е составено од четири целини кои сами по себе се изненадување на македонската продукција: СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА ШОУ гарантира неверојатна забава во време-невреме кога хуморот на малите екрани е прогонет од страна на турските и останатите за повраќање серии, сe вели во соопштението испратено до медиумите.

Ова е промотивното видео за новото шоу

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1