Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција zа разговорите кои денеска ги пушти, како што рече ќе покаже јасно на каква мака се соработниците на Груевски. Тој прави притисок врз Миле Јанакевски да потпише за барокните фасади на ЕВН и на Сити галери. Му вели да потпише, бидејќи немало да биде вовлечен во криминали, објасни Заев.
Денеска сите ќе бидеме сведоци, рече Заев, како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите. Во првиот разговор што го презентира Заев, се слушаат, како што рече, Груевски и директорот на РЕК Битола Владо Чинговски, како договараат тендер што треба да го добие сопственикот на Сител телевизија Горан Ивановски.
СДСМ потоа презентираше неколку разговори, кои според Заве, го отворија во јавноста еден од најкрупните корупциски скандали со кинеската инветстиција за автопатите Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид.
Видео на следниот ЛИНК