Бомбашот самоубиец во Анкара уби 86 луѓе (ВИДЕО)


Најмалку 86 лица загинаа, а 126 се повредени, по двете силни експлозии кои утринава одекнаа во близина на железничката станица во турскиот главен град Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

eeksplozii
Нападот е извршен за време на мирниот протест против конфликтот на турските власти со курдските милитанти на југоистокот на Турција.

Денеска на градскиот плоштад во Анкара било планирано одржување на протестен митинг под мотото„И покрај војната, веднаш сакаме мир. Мир, работа и демократија“.

Собирното место било планирано точно на железничката станица, во близина каде што утринава дојде до експлозии.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган силно ги осуди двојните бомбашки напади во Анкара, нарекувајќи ги гнасни и истакнувајќи дека мета на нападот биле единството на државата и мирот. Ердоган повика на одлучност и солидарност како најважен одговор на теророт. Тој порача дека тие што стојат зад нападите имаат за цел да предизвикаат поделби во општеството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1