Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција објави дел од таканаречената „бомба“, која ја најавуваше со месеци.
Заев денеска пред новинарите презентираше аудиоснимки од телефонски разговори меѓу него и неговата ќерка, разговор со вработено лице во општина Струмица, како и со новинар од едно радио.
Исто така, објави и снимка од разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и министерот за финансии, Зоран Ставрески и разговори на политичари од албанскиот политички блок, меѓу кои на Али Ахмети, Руфи Османи, Мендух Тачи, како и на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Ѓеорѓиевски.
Лидерот на СДСМ најави тужба против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и посочи дека во следниот период ќе бидат објавени и други телефонски разговори.
Во непотврдените тонски записи кои ги објави Заев, нема никакви докази за криминал и корупција во највисоките ешалони на власта, како што беше првично најавено од првиот човек на опозицијата.
Првичните коментари во јавноста се дека бомбите на Заев станаа обични петарди, предизвикувајќи дури и потсмев кај грѓаните на социјалните мрежи.
Netpress